Колева: Случајот „Феникс“ е потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014
Во отворената истрага за случајот Феникс од страна на надлежно обвинителство, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се сомничат за злоупотреби на 57 милиони евра за 11 споменици преку Скопје 2014.
Ова е уште една потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014 и колку голема штета е предизвикана врз грбот на народот, на граѓаните.
Само преку овој, еден случај, дури 57 милиони евра пари на граѓаните биле злоупотребени, согласно наводите во обвинението.
Дури 33 нови, модерни и целосно опремени градинки можеле да се изградат со 57 милиони евра.
Ако едно ново и целосно опремено училиште чини помеѓу 3 и 4 милиони евра, за 57 милиони евра можеле да се изградат минимум 15 нови училишта ширум државата.
Не мислеле во ДПМНЕ за подобри услови на илјадници дечиња, не мислеле ниту за подобри услови за илјадници ученици, за ДПМНЕ не биле воопшто важни.
Се мислело само како парите на граѓаните да завршат во џебовите на највисоките функционери на ДПМНЕ во тоа време.
До денеска нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата криминална партија која не мисли на граѓаните.
СДСМ изгради и обнови 80 градинки, инвестира во подобри услови за учениците, гради нови и реконструираме над 118 постоечки училишта.
Тоа е најголемата, суштинска разлика помеѓу криминалот на ДПМНЕ и политиките на СДСМ.
Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник
-
Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата
-
Мицкоски: Најпрвин економски да се зајакне државата, потоа со консолидираните пари да се отвораат конзулати во Корча
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“