Коле од Криволак им шепоти на змиите и тие каде и да се доаѓаат кај него
Во село Криволак во близина на Неготино, во централна Македонија живее можеби единствениот човек на светот кој умее да зборува со змиите. Името му е Скедер Јусуфов, но сите го викаат Коле змија. Основно занимање од кое живее и го прехранува семејството е лов на змии. Не по полињата и нивите, туку по куќите, дворовите, автомобилите на луѓето и слични места каде се вгнездиле овие опасни влекачи.
Коле змиите не ги убива. Ги намамува со зборење, само нему познат речник што го нарекува „Басма“. Штом ги слушнат за обичниот човек, неразбилрливите зборови на Коле, змиите сами излегуваат и доаѓаат до него. Тој нежно ги фаќа, ги носи од местото и ги пушта во природа. Со оваа работа се занимава речиси четврт век и никогаш досега змија го нема каснато. Тие за него се големи пријатели. И тој за нив.
Го бараат луѓе од цела Македонија кои имаат проблем со змиите, а тој за своите услуги наплаќа по 50 евра. Додека разговаравме со него ни откри дека некој бизнисмен од Неготино го наговарал да му биде менаџер. Му нудел редовна плата, а работата на Коле би била само да фаќа змии, додека бизнисменот а луѓето би им наплаќал по 500 евра по змии. Коле не го прифатил овој непристоен предлог знајеќи дека повеќето луѓе во Македонија живеат сиромашно.
Змиите со голи раце почнал да ги фаќа речиси пред 25 години, а на тој „занает“ го научил овачарот Коста од Радовиш.
-Многу ме засака и еден ден ми рече дека ќе ми ја открие и пренесе својата тајна „Басма“. Ме предупреди дека никогаш не смеам да ја злоупотребам таа вештина за некому да му нанесам зло. Со години собирав храброст додека не почнав да комуницирам со змиите. После тоа одеше полесно. Луѓето почнаа да ме бараат за да им ја најдам змијата во куќата, дворот, штала или автомобил, а јас доаѓам и за половина час го решавам проблемот, вели Коле.
Тој има специфичен начин на фаќање на влекачите. Тој со нив комуницира на „змиски јазик“ кој го нарекува „басма“, а потоа кога ќе дојдат кај него сами, нежно ги фаќа и ги пушта во природа. Најчесто ловел смокови кои не се отровни, но и отровни поскоци, шарки и други змии долги и над три метри, а колку точно фатил и сам не знае.
Најмногу работа има во летните месеци кога има најмногу змии, а од работа не може да крене глава. Се случува да „интервенира“ и десет пати во неделата.
– Неодамна ме повикаа на воениот полигон „Криволак“ каде фатив смок долг три метри. Фаќав и шарки долги по 180 сантиметри, но и мали, како и отровни поскоци. Со себе никогаш не носам противтров зошто јас сум им пријател на змиите, а тие тоа го чувствуваат. Имам свој јазик за комуникација со нив, знам кога се исплашени, кога ќе нападнат, а кога само се обидуваат да побегнат, објаснува Скендер Јусуфов, наречен Коле змија.
Тој има три деца, ќерка од 11 години и синови од 9 и 5 години кои веќе тргнаа по неговите стапки.
-Ќерката не сакам да ја воведам во мојот свет, но синовите иако се малечки немаат страв од нив. И само почнаа да ги ловат и да си играат со нив како да се гумени играчки. Од полиција ми рекоа дека не смеам да ги учам на овој занает додека не станат полнолетни, а кога ќе наполнат 18 години ќе им ги пренесам сето мое знаење и тајните, а ќе ги научам и на змиски јазик, вели Коле.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија