Свет
27. November 2018 - 14:35

Колапс во Америка поради снежното невреме: Откажани летови и судари на сите патишта

Снежните бури во одредени подрачја од американскиот Среден запад доведоа до откажување на повеќе стотици летови и лизгави патишта за оние кои викендот по Денот на благодарноста се враќаа кон своите домови.

Подрачјето на Чикаго се забели, со околу 30 сантиметри снежна покривка, а на чикашкиот аеродром О’Хер  (O'Hare) паднаа 19 сантиметри, додека на аеродромот Мидвеј се измерени 12,5 сантиметри снег, пренесе агенциајта АП.

 
 
Поради невремето од полноќ до понеделникот околу 10 часот се откажани 809 летови, а во неделата се откажани 700.
 

На Мидвеј до полноќ во понеделникот наутро беа откажани 69 летови, додека во неделата биле откажани 123 летови.

Снежната бура зафати и делови од државата Мичиген, што доведе до отежнати услови за возење.

Полицијата мораше да одговори при десетиците судари што се случија во подрачјето на Лансинг, главниот град на Мичиген.

Официјалните власти предупредија дека патиштата се заледени и покриени со снег и апелираа до граѓаните без итна потреба да не возат.

Гувернерот на Канзас Џеф Колијер во неделата прогласи вонредна состојба во некои делови од државата каде падна и до 36 сантиметри снег.

Неколку патишта останаа и во понеделникот затворени, главно на североистокот на државата.

Патиштата во Небраска и јужните делови на Ајова се прекриени со снег и лед и во во понедленикот наутро, иако снежната бура веќе помина.

Делови од југоисточен Висконсин се прекриени со околу 23 сантиметри снег.