Loading Video...
Свет
7. March 2021 - 16:38

Коктелот лекови на Трамп нова надеж во битката за Ковид -19

Германија одлучи во борбата со корона да ги користи американските лекови Бамланивимаб и РЕГН Kовакс 2. Познато е дека со овие медикамнети беше излечен од вирусот поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Оттогаш  се повеќе држави се заинтересни за набавка.

Лековите делуваат на ист начин - се состојат од антитела кои го блокираат САРС Ковид 2 шилестиот протеин и на тој начин спречуваат вирусот да се поврзе и да влезе во човечките клетки.

Таканаречните моноклонални антитела се произведени во лабораторија. 

Бамланивимаб развиен од Ели Лили содржи само еден вид на антитела додека РЕГН Ковакс 2 од Регенерон два вида на антитела.

Лековите делуваат како пасивна вакцина. Ако се дадат во рана фаза, тие можат да им помогнат на ризичните пациенти да избегнат тежок облик на болеста, вели првиот човек на германското здравствто Јенс Спан. Во изјава за медиумите Спан објасни дека медикаментите ќе се користат во универзитеските клиники. Стручни лица ќе одлучат кој пацинет кој лек ќе го добие. 

Од Регенерон, фирмата која го разви Регн Ковакс 2 велат дека нивниот лек ја зголемува шансата барем едно од антителата да се покаже ефикасно за време на третманот. Најдобри резултати тврди фирмата имаат заразени кои сеуште не развиле сопствени антитела на вирусот.

Американската агенција за лекови издаде дозвола за нивна употреба по итна постапка и од ноември се користат во САД. Овие лекови се скапи. Чинат околу 2000 евра по доза. Интерес за овие лекови покажа и Србија. Вучиќ најави дека првите дози ќе ги добијат во април и мај. Европската агенција за лекови го разгедува барањето за регистрација на лекот Регенс Ковакс 2.