-->
-->
Коке ја продолжува соработката со Атлетико Мадрид
-->
Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид реши да ја продолжи соработката со еден од своите клучни фудбалери Коке.
Актуелниот репрезентативецот на Шпанија, потпиша нов петгодишен договор со тимот од „Висенте Калдерон“, со кој е обврзан на верност до 2024 година.
Иако 25 годишниот фудбалер од средниот ред, имаше уште две години од досегашниот договор, сепак Атлетико и Коке се договорија да ја продолжат соработката на уште пет години.
„Атлетико е клубот на мојот живот, живеам за овој него, чест ми е што ќе бидам дел од иднината на мојот омилен тим“ изјави Коке.
„Сречен сим што Коке и натаму ќе ги брани нашите бои и сигурен сум дека ќе испишува нова историја со нас, како и ние со него. Со неговите 25 години, тој е веќе легенда на клубот“, истакна директорот на Атлетико, Хосе Луиз Перез Каминеро.
Речиси целата своја кариера Коке ја мина во редовите на „јорганџиите“ . На осумгодишна возраст пристигна во овој тим, ги мина сите младински категории и дебитираше за сениорскиот состав на 17 годишна возраст. Коке ги мина и сите репрезентативни селекции на Шпанија, а од 2013 година во најдобрата за која досега настапи на 32 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“