Кокаин вреден 225 милиони евра е запленет во Холандија
Холандските цариници запленија три тони кокаин, скриени во буриња со пире од банани, соопштија денеска властите. Ова досега е еден од најголемите удари против трговијата со дрога.
Дрогата се наоѓала во контејнер, испратен од Еквадор и наменет за Базел, Швајцарија. Пратката е пронајдена на пристаништето во Ротердам за време на рутинска проверка.
– Кокаинот, кој чини околу 225 милиони евра на црниот пазар, е еден од најголемите удари против нарк мафијата во огромното пристаниште. Дрогата е уништена, се наведува во соопштението на обвинителството.
Холандија стана главен канал за наркотици, особено на кокаин, кон Европа, главно преку Ротердам, најголемото европско пристаниште.
Холандските власти соопштија дека тие и меѓународните полициски сили оваа година заплениле 50 тони кокаин, кој минувал низ Холандија.
Ново на Сител
-
Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
-
Кривична пријава против маж од Косово поради давање поткуп
-
На Табановце уапсен маж од Полска, приложил фалсификуван документ
-
Уапсен 36 годишен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево - Ги оштетувал иконите кај крстот
-
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
-
Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск