Кокаин вреден 225 милиони евра е запленет во Холандија
Холандските цариници запленија три тони кокаин, скриени во буриња со пире од банани, соопштија денеска властите. Ова досега е еден од најголемите удари против трговијата со дрога.
Дрогата се наоѓала во контејнер, испратен од Еквадор и наменет за Базел, Швајцарија. Пратката е пронајдена на пристаништето во Ротердам за време на рутинска проверка.
– Кокаинот, кој чини околу 225 милиони евра на црниот пазар, е еден од најголемите удари против нарк мафијата во огромното пристаниште. Дрогата е уништена, се наведува во соопштението на обвинителството.
Холандија стана главен канал за наркотици, особено на кокаин, кон Европа, главно преку Ротердам, најголемото европско пристаниште.
Холандските власти соопштија дека тие и меѓународните полициски сили оваа година заплениле 50 тони кокаин, кој минувал низ Холандија.
Ново на Сител
-
Димитриевски: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет
-
Чествување на 11 Октомври во Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината
-
Почна Увидот во запалената зграда во Чаир
-
Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе
-
Земјотрес со епицентар во Демир Капија
-
Честитка од СПМ по повод 11 Октомври - Денот на народното востание
-
Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме
-
За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција