Живот
31. August 2017 - 16:25

Кој ќе ја пее насловната нумера за новиот Џемс Бонд?

Американските таблоиди тврдат дека американската пејачка Бјонсе е во преговори да сними песна за претстојното продолжениот од филмовите за Џемс Бонд.

Пејачката овие денови се состанува со продуцентите на филмот, а можно е во песната да се најде и нејзиниот сопруг Џеј Зи.

„Тие двајца пред официјалниот состанок разговараа со Адел која им објаснила дека изведбите на насловните нумери за филм и помогнале во кариерата. Не беа многу песни толку популарни, а Бијонсе има милиони фанови ширум светот” – наведе извор од студиото МГМ за „Дејли Стар”. 

Иако веќе направи добра кариера, песната за најновиот филм од франшизата за Џемс Бонд би го запечатило нејзиниот статус на ѕвезда и така би се придружила на изведувачите како Ширли Бејс, Адел и Сем Смит.

Инаку претходно овој месец Даниел Крејг потврди дека ќе се врати во костумот на Џемс Бонд, но само овој пат.

„Многу се премислував. Зборував сешто, но тоа е затоа што во интервјуата секогаш сум искрен” – изјави тој и така ги потврди осуммесечните шпекулации за тоа дали во 2019 година ќе го гледаме во новата улога.