„Кога синот ми умираше мислев дека нема да издржам“- ова бил најтешкиот момент од животот на Љубиша
Легендата на српската и југословенската кинематографија Љубиша Самарџиќ почина завчера а 81-годишна возраст после долга и тешка болест.
Животот не го мазел, но омилениот Смоки секогаш се издигнувал со крената глава и во најтешките моменти. Најсилен удар имал кога останал без синот Драган, кој починал на 34-годишна возраст од леукемија, но со помош на неговата сопруга Мирјана, која била неговата безрезервна поддршка, успеал да се избори и да продолжи понатаму.
-Кога Гаги замина, мислев дека нема да издржам и дека наскоро ќе ми дојде крајот, но сопругата ме тргна и ме натера да работам, бидејќи знаеше дека во тоа ќе најдам смисла за опстанок. Беше во право. Ние имаме несебичен однос и во работата и во животот, што е реткост за денешните бракови. Заедно сме посилни, успешно им одолеваме на лошите погледи - изјавил Љубиша Самарџиќ неколку години пред смртта.
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција