Живот
30. December 2018 - 9:29

Кога се породила останала во шок: Бебето џин тешко речиси колку и нејзината двегодишна ќерка

Во својата кариера долга 30 години не сум породила олкаво бебе. Ова е најголемо и натешко новороденче некогаш родено во нашата болница“, рече една лекарка од болницата во Тексас.

Во неа на 12 декември се породи Џенифер Медлок. Породувањето поради големината на детето не можеше да се направи по природен пат па мајката ја породија со царски рез.

И таа и сопругот се шокирале кога вагата покажала дека малечкиот Али е тежок 6,6 килограми, само малку полесен од нивната двегодишна ќерка која има околу 10 килограми.

„Очекував дека ќе има околу 2 килограми, а не дека ќе собориме рекорд, вели низ насмевска мајката на новороденчето после породувањето.

Иако неколку дена морал да остане во болница, поради ниското ниво на шеќер во крвта, Али е здраво бебе и минатата недела е пуштен дома.