Коѕиас: Мора да најдеме компромис за името
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис.
- Она што ни е потребно е ПЈРМ да покаже култура на консензус и компромис што значи дека ниту ние ниту тие ќе добијат се. Мора да најдеме компромис кој е прифатлив за двете страни и ќе го издржи тестот на времето, вели Коѕиас.
Тој одбива да сподели детали за прашањата кои се елементи на преговорите и оценува дека е добро што ниту Нимиц ниту раководство во Скопје немаат ставено свој предлог на маса. Воедно, останува на ставот дека не е можен влез на земјава во НАТО под привремената референца.
Запрашан за изјавата на лидерот на Независни Грци, Каменос, дека нема да се согласи на име во кое е содржан зборот Македонија и дали тоа ќе се одрази на преговорите, Коѕиас одговара дека секој има право на свое мислење, но верува дека во грчкиот парламент е потребно и постои мнозинство пратеници, а не мнозинство партии за евентуалниот договор за името.
- Ние сме Влада која е тука за да решава прашања. Ако начинот на кој ги решаваме е во согласност со долгорочните интереси на земјата, интересите на регионот и е во европски дух, ние тоа треба да го направиме, вели Коѕиас.
Тој го повтори ставот дека е добро во 2018 година да се реши спорот за името со оглед дека, како што посочува, постојат одредени услови кои покажуваат дека тоа може да се постигне. Смета дека нема причина да се одлага решението. Одговорност на Владата е, додава, да најде прозорец на можности за решавање на овој проблем бидејќи земјата не смее да биде заложник на минатото.
- Оние кои не критикуваат или не гледаат со сомневање бидејќи сакаме да го решиме проблемот мора да сфатат дека ќе беше многу подобро за земјата ако тоа беше постигнато во 1992 година. Не повикуваат истите оние кои не ја презедоа својата историска одговорност да го решат прашањето, бидејќи не биле одлучни, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп