Коциќ: Обезбедени се енергенси, струја и парно во пресрет на зимата
Во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ донесе неколку одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси.
Обезбедени се пари, ќе има доволно за сите потреби од енергенси и топлинска енергија.
Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја. Со ова, обезбедивме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима. Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја, иако тоа беше обврска на општините.
Граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја.
Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80%.
Субвенционирањето од 80 отсто на сметката за струја за граѓаните продолжува за над 600.000 домаќинства.
Над 70.000 компании и други правни субјекти со годишен промет до два милиони евра добиваат субвенционира електрична енергија, три пати пониска од берзанската.
Болниците ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската.
Парно за главниот град ќе има. Донесена е одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар.
Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво.
СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи продолжува со креирање на мерки и политики кои ги штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат сигурно и непречено снабдување со енергија во време на светска енергетска криза.
Прес-конференција на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Најмалку 30 повредени во железничка несреќа во Пакистан
-
Влада: Безбедносната ситуација во државава стабилна без индиции за можни нарушувања
-
Двојно убиство во Гевгелија: 69-годишен маж ги убил неговите брат и снаа
-
Косовските специјалци влегоа во манастирот Бањска
-
Борел разговарал со Курти и Вучиќ
-
Рашко-призренска епархија: Во манастирот Бањска моментално е мирно
-
Ф-1: Ферстапен победи на Сузука и е на чекор до нова титула
-
МНР: Седум државјани на Северна Македонија се наоѓаат во Бањска, се очекува набрзо да заминат дома