Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската енергетска асоцијација
Македонската енергетска асоцијација (МЕА) на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра редовниот професор на Машинскиот факултет, Кочо Анѓушев, за свој нов претседател.
– Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата, соопшти Стопанската комора.
На седницата, која се одржа денеска во Комората, се дискутирало и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствувале клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнале на моменталната енергетска состојба и изнеле ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.
– Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Северна Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано во) Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“