Кочанските пожарникари имале трипати повеќе интервенции во февруари
Територијалната противпожарна единица од Кочани во февруари годинава имала 64 интервенции на терен, што е за трипати повеќе во споредба со истиот период во изминатите години.
Кочанските пожарникари велат дека со тоа поставиле сопствен неславен рекорд на месечно ниво, а најголем број од интервенциите биле за гаснење пожар на отворен простор, односно запалена слама и стрништа.
– Ниту нашите апели, ниту законските одредби и високите казни за лицата кои палат оган на отворено, не помагаат да се намали интензитетот на пожарите во полињата. Пред два дена во краток временски интервал моравме да интервенираме дури на пет различни локации, а во еден случај поради опасноста огнот да зафати неколку викендички, ангажиравме три возила и девет пожарникари, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Посебно загрижува зачестената појава, земјоделците да ги палат стрништата во текот на вечерните часови, за да го намалат ризикот да бидат откриени и казнети. Паунов нагласува дека тоа дополнително им го отежнува пристапот на пожарникарите до местото за интервенција, поради што е зголемена опасноста од пожари кај овошните и лозовите насади што се во близина.
Имено, минатата година ТППЕ – Кочани ја заврши со 338 интервенции, што е за една четвртина повеќе од претходниот едногодишен период и е рекорден број во споредба со просекот од изминатата деценија.
Ново на Сител
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд