Македонија
30. November 2022 - 10:29

Кочани: Приведен осомничен дилер, при претрес на неговиот дом пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода 23-годишниот кочанчанец Д.Ј..

При претрес во неговиот дом во Кочани, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена марихуана.

Д.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.