Кобра касна пејачка на сцена, таа продолжи да пее и почина пред публиката
Поп-ѕвезда била касната од кралска кобра на сцената за време на изведба во живо. Таа продолжила да пее уште 45минути пред да се онесвести и да почине пред својата публика, пренесува “Дејли Меил”.
29-годишната Ирма Буле била позната по тоа дека често користи влекачи за време на живите настапи. За време на концертот во село во Западна Јава, Индонезија, таа била нападната од отровна змија.
Кралската кобра била дел од шоуто и се сметало дека нејзините отровни заби се извадени. Животното, сепак, ги забило силно забите во телото и инјектирало смртоносен отров пред да ја тргнат. Пејачката продолжила да пее уште 45 минути, но почнала да повраќа и да добива напади.
Била однесена во болница, од каде известиле за нејзината смрт. “Во средината на втората песна Ирма ја фатила змијата за опашка . Тогаш змијата ја гризнала за колкот “, раскажа човек од публиката. Според некои информации пејачката која користи исто Боа и питони во своите програми, одбила да прима противотров.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид