Балкан
8. August 2016 - 11:23

Кобен скок: Дрина го однесе Словенецот, се трага по неговото тело

Камерите го снимија скокот на Словенецот Андреја Беуц (34), а на вознемирувачката снимка се гледа како по скокот излегува од реката и бара помош, а потоа исчезнува во водите.

По него и денеска трагаат нуркачи од БиХ и Србија но водата во реката Дрина е матна и тоа дополнително ја отежнува работата.

Искусниот скокач и професионален падобранец од Кршко починал откако во рамките на манифестацијата Зворничко лето скокнал од висина од 20 метри во Дрина.

Натпреварот во скокови во вода кое во Зворник се организира по 25 години пауза, беше прекинато по деветиот скок во првата серија. Во публиката владееше шок и неверување, кога Беуц исчезна во водата.