Книжевна вечер со словенечката поетеса и преведувачка Лара Миховиловиќ
Во кафе-книжарницата „Магор“ денеска ќе се одржи книжевна вечер со поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ од Словенија.
Книжевната вечер е во рамки на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“ што ја организира издавачката куќа „Готен“ под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги „Традуки“.
Миховиловиќ, која овој месец престојува во Скопје, како преведувач од македонски на словенечки јазик, посебно соработува со најмладата генерација македонски поети и книжевници.
Таа е родена 1987 година во Љубљана. Студирала на Катедра за хрватски, српски и македонски јазик, на Филозофски факултет во Љубљана. Во 2009 г. била на шестмесечна студентска размена на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје каде што го изучувала и усовршувала македонскиот јазик и се занимавала со македонската книжевност и култура.
Во 2013 учествувала на меѓународниот книжевен фестивал „Лирикон“ во Велење со избрани преводи на Катица Ќулавкова. Преведената поезија била објавена и во списанието Балкан Експрес од Загреб и во студентско списание Славко од Љубљана. Во 2014 има преведено избрани песни на Снежана Стојчевска и Ана Голејшка со кои се запознала на поетски фестивал Младе Риме во Љубљана.
Миховиловиќ во 2014 почнува да работи како професорка по македонски јазик во школа за странски јазици, но освен тоа работи и во градинка каде што децата од Македонија ги подучува словенечки јазик. Преведува од хрватски, српски и македонски јазик на словенечки и од словенечки на хрватски јазик. Пишува поезија и кратки раскази.
На книжевната вечер во „Магор“ покрај Миховиловиќ ќе настапат и Снежана Стојчевска, Митко Апостолов и Елена Митреска, со свои песни и препеви подготвени од Лара Миховиловиќ на словенечки.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки