-->
-->
КМФ Велес нов проект на Скендеровски
-->
Досегашниот спонзор на КМФ Железарец, Васко Скендеровски денеска на прес конференција ги извести љубителите на футсалот во Македонија дека од следната сезона ќе го спонзорира КМФ Велес од Велес:
„ Имавме ненадминливи недоразбирања со клубот во кој досега спонзорирав но и работев долги години како тренер, КМФ Железарец и од тие причини се одлучивме да ја прекинеме соработката и да го превземеме КМФ Велес во кој ќе го поседуваме во целост пакетот на управување. Знам дека со ова под знак прашалник е учеството на Железарец во Лигата на шампионите, можеби и воопшто неговото егзистирање но сметаме дека тоа беше единствено решение. Велес е град на футсалот со голема посета на натпреварите во Првата футсал лига на Македонија и очекувам нашето вложување да биде импулс повеќе не само за футсалот во Велес туку и воопшто во Македонија. Сите играчи на чело со тренерот Божовиќ од Железарец се селат во Велес. Тренинзите во поголемиот дел ќе се одвиваат во Скопје а натпреварите ќе ги играме во Велес каде веќе превземавме активности и за подобрување на условите во спортската сала“- обелодени Скендеровски.
Претседател на клубот е Бојана Скендеровски а формиран е веќе и нов Управен одбор со ново собрание:
„ Знам дека релативно сум нова во овој спорт но верувам дека со добра организација и соработка со структурите во Велес можеме да направиме добар клуб кој ќе игра врвна улога во домашната лига но и ќе ги оствари амбициите во Европа“.
Скендеровски изразија жалење што на овој начин се разделуваат по 8-годишно вложување во Железарец и се надеваат дека клубот ќе најде сили за опстанок.
Васко Скендеровски кој долго време беше и селектор на националниот тим најави дека нема време и намера да работи повеќе како тренер и селектор но се надева дека со негова помош и ангажирање на уште еден фудбалер од Бразил клубот ќе добие екстра квалитет а со тоа и репрезентацијата конечно ќе го оствари долгоочекуваниот сон а тоа е пласман на Европско или Светско првенство. Тој најави мала шанса по официјално откажување на КМФ Железарец од настапот во Лигата на шампионите местото да го заземе КМФ Велес. „Јас како и ФФМ стоиме како гаранти за добиената организација на турнирот од ЛШ во Скопје но сега работите се менуваат откако со писмо ја известив УЕФА дека не спонзорирам повеќе во КМФ Железарец. Знам дека ќе има и санкции но бевме немоќни нешто да поправиме“- изјави досегашниот прв човек на најуспешниот македонски футсал клуб.
Буџетот на КМФ Велес ќе биде помеѓу 120 и 150 илјади евра.
„ Размислувавме и за формирање на нов клуб на територијата на Скопје но се јави проблем што ќе мораше да почнеме од Втората футсал лига. Имавме понуди и од други клубови и градови како Куманово, Прилеп но сметаме дека на Велес му треба еден силен спортски клуб во отсуство на други силни спортски колективи. Тоа е град со голема фудбалска и спортска традиција и очекувам извонредна соработка но и помош од локални спонзори“- рече Скендеровски.
Според него тренерот Божовиќ ќе има одврзани раце да ги вклопи досегашните играчи на Железарец но и дел од членовите на КМФ Велес. Скендеровски изјави дека е свесен дека Скопје најверојатно ќе остане без врвен клуб како што беше Железарец но очекува таа празнина да ја пополнат Јувентус Серава и Шкупи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште
-
Истополовите машки парови во Грција законски немаат право да добијат дете со помош на сурогат мајка
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување