Клуге: Можеме да видиме дека ни се приближува уште една бура на нови случаи предизвикани од Омикрон сојот
Директорот за Европа на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге, вчера ги предупреди сите земји да се подготват за „значително зголемување“ на бројот на случаи на Ковид-19 предизвикани од Омикрон кој се шири и потврди дека оваа варијанта на коронавирусот досега главно се појавувала кај помладата популација.
На вчерашната прес-конференција во Виена, Клуге потврди дека од ноември, кога е откриен Омикрон, оваа варијанта се појавила во најмалку 38 од 53 земји на Европската зона на СЗО и веќе е доминантна во неколку земји, меѓу кои Данска, Португалија и Велика Британија.
Европскиот регион на СЗО ги вклучува Русија и другите поранешни советски републики, како и Турција.
– Можеме да видиме дека ни се приближува уште една бура. За неколку недели, Омикрон ќе стане доминантен вид во повеќе земји во регионот, туркајќи ги веќе преоптоварените здравствени системи до крајни граници, предупреди Клуге.
Податоците на СЗО покажуваат дека европскиот регион во последните недели има пријавено најголем број случаи на инфекции со коронавирус во светот, но уште пред појавата на сојот Омикрон, здравствените експерти предупредија на нови 700.000 смртни случаи меѓу пациентите со Ковид до март 2022 година.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка