Клуге: Европа го премина прагот од 10 милиони случаи на Ковид-19
Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи Ковид-19 од почетокот на пандемијата, откако во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти.
– Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи, рече Клуге на вонредниот состанок во Копенхаген на министрите за здравство во европскиот регион на СЗО посветен на прогнозите за зимата во врска со коронавирусот, се вели во соопштение на СЗО.
Тој додаде дека во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.
Клуге истакна дека бројот на хоспитализирани се искачи на ниво што не е забележано минатата пролет, со повеќе од 10 хоспитализирани на 100.000 жители во третина од земјите во Европа.
Тој додаде дека стапката на смртност нагло се зголемила, и минатата недела регистрира раст од 32 проценти низ цела Европа.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска