Клуч за кафетериите, баровите, рестораните, моловите обложувалниоците и казината
Се забранува целосно работата на кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници. Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат, но без посета на потрошувачи односно гости, и можат да продаваат роба преку онлајн нарачки, односно да вршат достава, или пак истата да се подигнува надвор од угостителскиот објект, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче..
Аеродромот во Охрид „Св.Апостол Павле“ ќе биде затворен 48 часа по донесувањето на одлуката.
Освен тоа, се затвораат сите копнени гранични премини освен Деве Баир, Ќафасан, Табановце и Блаце.
Ова се само дел од најновите одлуки на Владата, во врска со заштитата и превенцијата од коронавирусот кои веднаш стапуваат во сила. Формиран е Главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата, а во состав на сите заменици-министри, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој ќе сесостанува секој ден, веднаш по Комисијата за заразни болести.
Се забранува и влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен оние за кои МВР ќе одлучи дека има посебен државен интерес да влезат во државата.
На секој граѓанин кој влегува во државава ќе му се издава писмена наредба за задолжителна самоизолација и истиот треба да ја потпише изјавата дека ќе изврши самоизолација под полна морална и кривична одговорност.
Освен тоа, се затвораат за посетители сите продавници во моловите, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките, а останатите можат да најдат алтернативни начини на работа, односно да вршат достава до домовите, информираше министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон
-
Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда
-
„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување
-
ВМРО-ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка
-
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Кочани
-
Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Богодорица се чека околу 40 минути од македонска страна
-
Велибор Манев: Испаднав наивна будала која си го уништи животот, загубив пријатели, доверба и себе си
-
Јавна седница на Апелација - Васев бара укинување на куќниот притвор