Клоп: Ливерпул може до титулата
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот клуб оваа сезона може да ја освои првата титулата, откако постои Премиер лигата.
Тимот на Ливерпул последен пат беше шампион на Англија во 1990 година, две години пред формирањето на Премиер лигата.
- Ние сме тука. Ние сме сегашната генерација. Колку и да ги сакаме и почитуваме играчките од минатото кои го создадоа клубот, ние не можеме да ја вршиме нивната работа. Ние мора да си ја завршиме нашата работата. Да се обидеме да го направиме тоа. Ние сме доволно добри за такво нешто и овој клуб е доволно голем за таков успех, изјави Клоп.
Германскиот експерт верува дека Ливерпул ги има сите услови за да ја освои титулата.
- Имаме сопствениците какви што ни требаат. Од нашиот клуб никој не мора да си замине поради пари. Не сме клуб кој најдобро ги плаќа играчите, но можеме да ги платиме доволно за да дојдат и останат. Во овој момент во Ливерпул се е фантастично и ние треба да го користиме тоа. Иднината е светла, но ајде да се обидеме да ја освоиме титулата, дополни германецот.
По седумнаесет одиграни кола Ливерпул е на второто место на табелата со шест бода помалку од водечкиот Челзи. Можноста за нови бодови Ливерпул ќе ја има веќе во вторник кога на домашен терен го пречекува составот на Стоук, а на 31.декември има уште еден домашен натпревар против Манчестер Сити.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски
-
По ДОМ и Партијата на пензионерите ја напушта СДСМ
-
Димитриевски реизбран за претседател на „ЗНАМ”
-
Крстевски: Кочани будно ќе го следи судскиот процес, требаше да има оставки од функционери од морални причини
-
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар