Македонија
7. August 2019 - 13:44

Клиника „Жан Митрев“: Продолжува соработката со МЗ, моделот за детска кардиохирургија се одвива без застој

Клиниката „Жан Митрев“ пред дваесетина години го потпиша првиот договор со Фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хирургија и оттогаш во континуитет се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции. Досега се третирани над 1.000 вродени срцеви маани кај возрасни и кај деца и бебиња. Моделот за детска кардиохирургија во рамки на Клиниката се одвива без застој. Пред неколку денови успешно беше изведена една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај новородени, соопштија од таа здравствена установа.

Посочуваат дека прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели.

– Соработката со Министерството за здравство продолжува и понатаму. Нашата посветеност кон моделот останува наша главна мотивација, стои во соопштението.