Спорт плус
8. April 2016 - 13:54

Кличко доби реванш од Фјури

Долгоочекуваниот реванш меч за титулата светски првак во тешка категорија, помеѓу Тајсон Фјури и Валдимир Кличко, ќе се одржи на 9.јули во Манчестер. Оваа информација, во петокот, ја објави чичкото на Тајсон Фјури, кој воедно е и негов тренер.
 
Британецот, Фјури, во ноември минатата година, во Диселдорф, го победи Кличко со едногласна одлука на судиите и стана светски првак во верзиите на WBA, WBO и IBF.
 
Веднаш по мечот Кличко побара реванш, а Фјури се согласи.