-->
-->
Клемен повеќе не е тренер на Монако
-->
Монако на својата официјална веб-страница објави дека Филип Клемен се повлече од тренерската функција.
Клемен го презеде тимот на Монако во јануари минатата година и заврши на третото место во Лига 1. Договорот на 49-годишниот белгиски стручњак беше со важност до летото 2024 година.
- Динамиката на крајот на сезоната, која заврши со пониска од очекуваната конечна позиција, навести дека е неопходна промена на чело на првиот тим. АС Монако му се заблагодарува на Филип за неговиот голем придонес и му посакува се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.
Монако (65 бода) го зазеде 6. место во францускиот шампионат и остана без пласман во евро-куповите зс следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид