Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Клековски синоќа информора дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември - 20, во „Свети Наум Охридски“ - 21,во Клиничка болница Штип - 20, Општата болница во Кочани седум и на Токсикологија - двајца. Има пациенти и во приватните болници Аџибадем Систина и Жан Митрев.
Во странство се прифатени 44 повредени и тоа во Србија - 17, Бугарија - 14, Турција - девет и во Грција - четири. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници, потенцираше Клековски.
Тој нагласи дека пристигнатите во странство се стабилни.
Клековски најави дека доцна синоќа и рано утрово ќе заминат уште осум повредени лица во странство, по четири во Хрватска и во Романија. Имало можности за префрлување повредени и во Словенија и Унгарија по четири лица и Австрија - шест лица.
Тој потсети дека во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР.
-Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапки, додаде Клековски.
Синоќа пристигнал еден тим од ВМА Белград. Се очекуваат медицински тимови и од Чешка, Израел и Белгија.
-Сите повредени се згрижени најдобро што можеме, нагласи директорот на ФЗО Клековски.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош