Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски попладнево за МИА изјави дека очекува до крајот на јануари да ги има сите лекови што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.
- Од шесте лекови коишто се дефицитарни, четири ќе бидат решени административно многу брзо со анекси, еден најверојатно ќе биде решен со донација од производител, а ќе најдеме решение и за другиот, потенцираше Клековски во изјава за МИА.
Претходно, тој информираше дека денеска попладне во ФЗО има закажано состанок со претставници на клиниките за онкологија, хематологија, на ИЈЗ и така натаму, за евиденција и следење на пациенти.
- Сакаме да воведеме регистри на пациенти на сите подрачја каде имаме значително употреба на посебно скапи лекови. Тоа е онкологија, хематологија, на педијатрија има такви регистри и на трансфузиологија планираме да се воведе таков регистар за болни од хемофилија. Тие се неколку клиники каде имаме посебно скапа терапија каде лекувањето на еден пациент може да чини десетици илјади евра годишно и мислам дека тоа мора да биде и јасно и транспарентно и одговорно, подвлече Клековски.
Клековски, исто така, рече дека денеска ќе се разговара и за временска рамка до кога би се вовеле такви регистри.
- Јас очекувам тие да бидат воведени до полугодието на оваа година. Не очекувам, туку и ќе инсистирам, бидејќи ние планираме значително зголемување на буџетот за 2025 година. Значително зголемување на буџет за 2025 година без јасно, транспарентно и одговорно работење, нема шанса. Значи не може да продолжи како што било во минатото, одговори тој на новинарско прашање.
Како што претходно информираа за МИА дел од пациентите на Онкологија, во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.
Ново на Сител
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје