Македонија
28. May 2020 - 19:41

Клековски: Ако граѓаните оценат дека е избрзано со укинување на мерките тоа ќе се одрази врз власта

Рејтингот на власта ќе трпи доколку граѓаните проценат дека надлежните избрзаа со релаксацијата на рестриктивните мерки. Доколку целиот процес дополнително го загрози јавното здравје, тогаш според политичките аналитичари, последиците ќе бидат уште поголеми.

Според Клековски, стравот од вирусот ќе влијае врз еден дел од граѓаните, особено повозрасните кои и покрај сите мерки за заштита нема да ризикуваат и да застанат пред гласачките кутии. Во таква ситуација, нискиот одѕив може да стави голема дамка на легитимитетот на новоизбраните институции.

Клековски вели дека рејтинзите на партиите најавуваат неизвесна изборна трка во која свои шанси имаат и двете страни. Според него, интересно ќе биде да се види и како ќе го помине тестот коалицијата на СДСМ и БЕСА чиј капацитет се уште е под знак прашалник.