-->
-->
Класата на Мето Јoвановски настапи во Крива Паланка
-->
Студентите од прва година на Факултетот за аудио-визуелни уметности „ЕСРА“ кои студираат во класата на Мето Јовановски се претставија пред Кривопаланечката публика со претставата „Животот е магичен круг“.
Претставата се одржа на сцената во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
- Четиринаесет студенти ја креираа претставата што всушност не е класична претстава, туку нивни авторски компилиран текст со музичка заднина. Ова е испитна задача за изведба и претставување пред публика на нашите студенти во која доаѓаат до израз нивните способности и талент. Немаме сценографија, не користиме костими, а светлото е од обична батерија. На сцената се претставуваат само актерите кои на тој начин увежбуваат сценски анстап, подготвувајќи се за професијата која ја одбрале, изјави актерот и професор Мето Јовановски.
Тој додаде дека целта на подготовката за настап на сцена на студентите се остварува преку нивните изведби во бројни градови од внатрешноста на државата.
- Покрај настапите во помалите и поголеми општини низ Македонија со кои студентите се подготвуваат за идните позначајни настапи, тие имаат можност и да ги запознаат градовите, истакна Јовановски, нагласувајќи дека пред настапот го посетиле манастирот Св. Јоаким Осоговски.
Магдалена Ризова-Черних истакна дека ваквите настапи се пракса воведена со новите методи за предавање која ја востановиле токму големито Јовановски и тимот професори од „ЕСРА“. - На овој начин студентите созреваат на сцена, се истакнуваат нивните способност и умешност. Секој студент е надарен и исклучителен на свој начин, а нам ни преттсавува особено задоволство тие таленти да ги надградуваме, рече Ризова Черних.
Според Јовановски, „Животот е магичен криуг“ е перформанс кој постојано трпи промени, со додавање и одземање сцени и реплики со што соодветствува и со животот кој постојано се менува.
Јовановски информира дека освен во ЕСРА, веќе 1,5 година е ангажиран во претставата „Урнебесна трагедија“ на Црногорскиот народен театар во Подгорица каде е почесен член и со чиј ансамбл следната седмица настапува во Белград, како дел од Балканската турнеја со оваа претстава која досега има 40-тина изведби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени