Ќучук: Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Македонија
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук, кој е и нов претседател на европските либерали, доби плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“.
Ќучук е редовен ппддржувач на вакви иницијативи, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.
– Исклучително важно е добрите примери и практики да ја добијат потребната поддршка од јавноста. Затоа ќе продолжам да ги поддржувам ваквите иницијативи, што ќе ги зајакнат нашите добрососедски односи во иднина, рече тој за време на доделувањето на наградите.
По доделувањето на наградите, европратеникот Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева“ Ангел Јанчев одржаа состанок на кој се договорија од следната година на конкурсот покрај ученици од Бугарија да учествуваат и ученици од Македонија.
Двајцата сметаат дека местото на Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е кохезија и добрососедски односи да се развиваат во иднина.
Оваа година на конкурсот организиран од СУ „Вела Благоева“ во партнерство со Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ и под покровителство на Ќучук, учествуваа рекорден број учесници од целата земја. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Јордан
-
Дебата во Собранието за намалување на процентот на репрезентативност на синдикатите во ЕСС
-
Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва
-
Муцунски во посета на Париз, фокусот на реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите
-
МВР: 25 земјоделци и 2 претпријатија измамени од вкупно 141.650 евра
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци