Џет-Сет
27. September 2018 - 15:11

Ќерката на Гвинет Полтроу е како копија на мајка си

За американскиот Ден на ќерките, глумицата Гвинет Полтроу на Твитер објави самослик со 14-годишната Епл Мартин, својата помала копија од себе.

Под објавата многу од следачите го коментираа токму тоа - неверојатната сличност меѓу мајката и нејзината ќерка од бракот со британскиот пејач Крис Мартин, инаку фронтмен на „Колдплеј“. Двојката се разведе пред две години.

Покрај Епл, тие го имаат и 12-годишниот Моузес.