Ќе ви го стопли срцето: Малата Лена среде Скопје запеа и…
Новогодишните празници се ближат, а со самото тоа и предновогодишната атмосфера од ден на ден е се посвечена, позагреана, повесела.
За тоа во македонската метропола особено придонесува украсениот град, како и Новогодишниот базар на улица Македонија, каде посетителите можат да застанат, да купат по некоја дребулија или домашно, рачно изработен новогодишен сувенир, да каснат или да се освежат и стоплат со некоја топла напивка…
За атмосферата да биде уште посвечена придоонесува шареноликата забавно-музичка програма за сите возрасти, во која учествуваат од познати музички уметници, до улични артисти и музичари.
Случајните минувачи и посетители исто така можат да се приклучат во забавата. Токму на еден од уличните музичари, гитаристката Тања Стојаноска, и се приклучи малата Лена. Слаткиот мал „Ирвас“ со својата фантастична изведба на легендарната „Имеџин“ од Џон Ленон им ги стопли душите и срцата на оне кои во тој момент се затекнаа на крај кејот на Вардар, но и на стотици други кои ја видоа на социјалните мрежи, а веруваме и Вам!
Погледнете го клипот, слушнете ја малата слатка Лена, „Замислете си“… најубава новогодишна желба, и некому подарете му среќа!
Ново на Сител
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон