Македонија
27. November 2022 - 16:34

Ќе успее ли Македонија да ги спроведе препораките на УНЕСКО?

Временскиот период за имплементација на препораките на УНЕСКО притиска. Екологистите сметаат дека недостасува заштита на терен на крајбрежниот појас и нелегалните градби но и координативно тело од повеќе надлежни институции, има документи кои укажуваат на управувањето со природното и културно наследство на Охридскиот регион, но без надлежно тело кое ќе ги спроведе.

Во Струга според екологистот Зороски за жал има прекршувања од голем обем како што е палењето на трската но и бројот на градби покрај самото езеро.

Инаку во очекување на извештајот во месец февруари невладините, граѓанските активисти и екологистите се се погласни и загрижени бидејќи како што посочуваат постои ниска свест, а од друга страна големи се апетите на инвеститорите кои сакаат да го пробијат заштитениот појас.