Loading Video...
Ракомет
15. October 2020 - 14:18

Ќе следи ли нов „карантин„ за македонскиот ракомет : Два позитивни случаи на Ковид-19 во Еурофарм Работник 2 и дури девет во Пролет

Вкупно 11 ново потврдени случаи на позитивни на Корона вирус во редовите на две македонски ракометни екипи. 
 
Од втората екипа на Еурофарм Пелистер потврдија два позитивни случаи на Ковид-19.  
 
Како што информираа од клубот, еден ракометар се пожали на симптоми, а после тестирањето доби позитивни резултати. Првиот играчот е веќе во изолација од минатиот петок и немал контакт со своите колеги, но затоа пак вчера уште еден ракометар доби позитивен резултат.
 
По оваа вест сите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 веќе направија тестирање и ги очекуваат резултатите. 
 
Позитивни случаи на Ковид-19 има и во редовите на Тинекс Пролет. 
 
Откако по позитивниот тест на голманот Петар Ангелов - Диви, кој веднаш бил сместен во изолација, тестирани се останатите членови, а резултатите се разочарувачки бидејќи уште осуммина од скопскиот тим добиле позитивни резултати. 
 
По ова останува да се види дали РФМ ќе го пролонгира и рестартот на лигата што првично беше најавен за 21 и 22 октомври