-->
-->
Ќе се реновира објектот на Агенцијата за вработување во Крива Паланка
-->
По половина век од изградбата, ќе се реновира објектот на Центарот на Агенцијата за вработување Крива Паланка со површина од 485 метри квадратни, информира Грозде Георгиевски, раководител на Центарот на Агенцијата за вработување во Крива Паланка.
- Со цел подобрување на условите за остварување на правата на корисниците, како и создавање на квалитетни работни услови, но и подбрување на изгледот на објектот, комплетно ќе се реновира надворешниот и внатрешниот дел од зградата на која инфраструктурно не е интервенирано од 1963 година. Со планираната реконструкција во претстојниот период центарот ќе добие целосно нов лик, рече Георгиевски.
Тој додаде дека реконструкцијата е дел од заложбите на Минстерство за труд и социјална работа, а со овој проект ќе бидат опфатени вкупно 12 центри за вработување на ниво на државата кои во претстојните месеци ќе бидат осовременети.
- Реконструкцијата ќе започне со менување на кровната конструкција, а планирано е да комплетно да биде имплементиран едношалтерскиот систем во насока на брза и ефикасана администрација за граѓаните, потенцира Георгиевски.
Инаку, во април годинава во општина Ранковце беше отворена нова дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување со цел невработените лица да не мора да патуваат до Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад