Ќе се реконструира градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе
Градинката „Мајски цвет“ во Општина Карпош, која е формирана и изградена во далечната 1964 година и оттогаш не претрпела сериозен реконструирачки зафат, ќе се реконструира со долгорочен кредитен заем.
Оваа одлука советниците од општина Карпош на денешната педесет и осма седница на Советот,ја изгласаа, одобрувајќи средства за овој капитален објект.
Предлог-одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно задолжување на општина Карпош во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2), е предлог за долгорочно задолжување со поволна кредитна каматна стапка за реконструкција на градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1.
Со предвидениот финансиски заем, како што информираа од општината, предвидено е да се реконструира површина од 1200 м квадратни, и со тоа 140 најмлади жители на локалната самоуправа да можат да учат и да се воспитуваат во современ објект. Советниците без расправа ја усвоија втората точка од дневниот ред со која е предвидена Одлука за измена на распоред на средства во Буџетот на Општина Карпош за 2016 година.
Ново на Сител
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини