Ќе се наежите кога ќе слушнете: Страшна вистина по која настанал култниот филм „Ране“
Филмот „Ране“ на Срѓан Драгоевиќ за децата кои се пробиваат во светот на криминалот е многу страшен отколку што мислите бидејќи настанало од вистинско случување.
Приказната за Пинки и Шваба, тинејџери кои влегуваат во светот на криминалот, а кулминацијата се случува на сцената во која пукаат еден во друг.
Сцена на која и денеска се ежиме, земена е од реалниот живот.
Имено, филмот бил иснпириран од ТВ прилогот на Предраг Јеремиќ за двајцата малолетни криминалци кои се пукале еден во друг, па за да ги поправат сметките и да го спасат пријателство, едниот од нив побарал да испука неколку куршуми во другиот, и тоа на истото место каде што тој бил повреден.
Драгоевиќ тоа случување го дознал од пријател и одлучил да му направи сценарио, а главната улога му ја дал на Душан Пекиќ, момчето кое имало сличен живот како Пинки. За жал, исто трагично завршил, само две години по снимањето на филмот.
Наводно Драгојевиќ намерно избегнувал да ја погледне репортажата бидејќи не сакал таа да влијае на сценариото и ги поделил улогите. Откако го завршил филмот ја погледнал репортажата и изјавил дека има голема сличност меѓу актерите и вистинските јунаци на оваа приказна.
- Филмот мораше да настане единствено само на овој начин. Многу груби и населни третирања во времето за кое говориме. Мислам дека ако имаше многу емоицја за тие момци, филмот би имал друга педагошка поема, направен е со перипетии за филмот да не одведе во таа страна каде не сум сакал, каде би можела да се постави теза: е тие момци, сепак постојат и треба да има надеж за нив, сепак и тие се луѓе. Јас сметам дека се луѓе, но дека од нив настанати се друга врста на луѓе. И тука емоциите се скриени со грубост, скриени се со монтажа која не дозволува емоцијата да се развие, раскажал Драгојевиќ.
Ново на Сител
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина