Македонија
7. December 2022 - 16:35

Ќе се избере ли нов директор на академијата за судии и обвинители?

Институцијата која обучува нови судии и обвинители не доби директор.. До академијата денеска по пошта пристигнала апликација на уште еден кандидат заинтересиран за раководната позиција, па така освен Шопар- Јованова, Савески и Габер-Дамјановска, во трка влегува и граѓанскиот Судија, Андреј Димовски.

Иако дел од членовите на управниот одбор пред почеток на седницата коментираа дека судијата кандидат својата биограљфија ја испратил на погрешна адреса па затоа и најверојатно доцнела неговата кандидатура, тој негира.. Вели навремено ја пратил апликацијата.. Смета дека како судија со меѓународно искуство, има капацитет да ја води институцијата но и да се справи со низата скандали кои ја тресат академијата..

Пристигнувањето на кандидатурата од Димовски, денеска го одложи изборот за директор на акдемијата.. Членовите на упранвиот одбор се согласија дека треба време да се разгледа апликацијата на четвриот кандидат за да може да се спроведе изборот..

Ова е втор обид за избор на директор на академијата откако во август нити еден од двајцата кандидати не ги доби гласовите на управниот одбор. Во меѓувреме таму седнаа нови членови, за кои во јавноста се смета дека дел од нив не треба да се управниот одбор бидејќи веќе членуваат во други тела и нивните судски или обвинителски функции се во мирување, дел пак се во роднински врски со счушатели на академијата и токму тие ќе треба да одлучуваат дали кандидати ќе станат судии или обвинители..