-->
-->
Ќе се градат прочистителни станици во населените места Робово и Умлена
-->
Општина Пехчево работи на изработка на техничка документација за изградба на прочистителни станици во населените места Робово и Умлена со што комплетно ќе се затвори прашањето на Пехчево во врска со загадувањето со отпадните води на локалните реки во населените места.
Градоначалникот Игор Поповски за МИА информира дека канализацијата во овие две села е изградена, а останува уште изградбата на прочистителните станици за што средства ќе се бараат од донатори.
- Ние како општина која припаѓа на микрорегионот Малешевија која важи за еколошки чист регион, работиме на проекти за заштита на животната средина. Досега сме изградиле прочистителна станица во индустрискиот дел од Пехчево и во селото Црник, а како црни точки ни остануваат овие две села, рече Поповски.
Тој додаде дека со отпочнување на градежните работи на изградбата на колекторот за отпадни води кај Пехчево и село Чифлик во рамки на големиот проект кој ги опфаќа двете општини од Малешевијата, Берово и Пехчево, се решава горливото прашање со отпадните води и загадувањето на Пехчевска Река.
- Со овој проект е предвидено да се собираат отпадните води од Пехчево кои досега одеа во Пехчевска Река, како и отпадните води од село Чифлик. Имавме големи проблеми со загадувањето на оваа река, на што долго време реагираа жителите од село Чифлик. Сега е планирано отпадните води да се собираат и да се носат во главната прочистителна станица лоцирана во близина на Смојмирово. Ова е голем бенефит за Пехчево и веќе нема да имаме загадување на горниот тек на Брегалница, реакции од жителите за неподнослива миризба и страв од зарази, како и чиста вода за наводнување, рече Поповски.
Поповски истакна дека градежни работи во Пехчево се со вкупна вредост од околу 500 илјади евра, а вкупниот проект за решавање на проблемот со отпадните води во Малешевијата, чини 3, 8 милиони евра, а средствата се обебзедени преку ИПА 3 програмата и Минситерството за животна средина. Граежните работи на целокупната инфратсруктура треба да заврши за една година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија