Ќе се бара соодветен термин за попис во 2020 година
Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина, но ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.
Заев одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска органзиација, истакна дека Пописот треба да биде спроведен во 2020 година.
– Следната недела ќе одам на состанок со директорот на Државниот завод за статистика за да ги утврдиме соодветните трермини. Пописот не треба да го одложиме, сите се согласивме на лидерската средба, односно само го споменавме, немаше дебата. Првичните планови беа меѓу 1 и 30 април, секако тој може да се спроведе во мај, може и есента 2020 година, но да не прејудицираме што било да разговарам со директорот, но не треба да се откажуваме од псроведување попис во 2020 година, истакна премиерот.
Пописот на населението беше најавен за април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април оваа операција не може да се одржи во првично предвидениот датум.
Ново на Сител
-
Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо