Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
Се предвидуваат активности за продолжување градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на НУ Турски театар – Скопје и изградбата на Стар театар во Струмица. Се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, со реконструкција на објектот НУ Музеј на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар – Битола.
Како што информира владината прес-служба, овие активности се предвидуваат со Информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година, која денеска беше усвоена на 65 владина седница.
Се работи за 11 проектни активности, кои ќе се реализираат од Министерството за култура и туризам и националните установи од областа на културата, кои се носители на активностите.
Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Програмата се предвидени во Буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123 775 000 денари.
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“