Ќе „падне“ првиот секс меѓу Шелдон и Ејми во „Бубалици“
Популарните телевизиски научници од серијата на Си-Би-Ес „Бубалици“, Шелдон Купер и Ејми Фара Фаулер конечно ќе ја изгубат невиноста.
Според најавите, во новата сезона на серијата конечно ќе „падне“ и првиот секс меѓу нив.
- Нивниот однос во сегешната сезона беше во голема мерка разнишан, па тие ја раскинаа врската. Но, раскинувањето ќе им помогне да сфатат колку всушност си значат еден на друг, а Шелдон е повреден и повеќе од колку што очекуваше, изјави авторот на серијата Чак Лори за „Холивуд Рипортер“.
„Големиот настан“ ќе се случи на денот на премиерата на новиот филм на серијалот „Војна на ѕвездите“, кога и е и роденден на Ејми, па Шелдон треба да реши дали ќе замине на кино со пријателите или ќе ја мине вечерта со неговата љубена.
На изненадување на многумина, тој решава да ја пропошти премиерата на неговиот омилен филмски серијал и да ја мине ноќта со Ејми. Иако во тоа време тие не се во врска, Шелдон решава да и подари „нешто специјално“ и и предлага да водат љубов.
- Шелдон и Ејми долго ќе разговараат пред да отидат в кревет. Тоа ми е една од омилените сцени, што ја одлумив со Џим Парсонс (Шелдон). Беше накако нежно и посебно. Колку и да сака секс, на Ејми и е страв, дури и ако тоа го прави со личноста што ја љуби, изјави Мајим Бјалик, која во „Бубалици“ ја толкува улогата на Ејми.
Таа вели дека целата таа сцена морале да ја одиграат внимателно и да останат доследни на карактерите на ликовите кои ги толкуваат.
- Доколку не неправевме така, тоа ќе беше неправедно кон луѓето што ја сакаат оваа серија, додаде Бјалик.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?