Спорт плус
4. March 2016 - 8:45

Ќе има реванш Фјури-Кличко

Следниот меч на светскиот првак во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе биде реваншот со Владимир Кличко, изјавил промоторот на британскиот боксер, Мик Хенеси. Фјури неодамна изјави дека не знае кој ќе биде неговиот следен противник, но Хенеси навел дека Кличко „100 отсто“ ќе биде неговиот следен ривал.
 
„Тоа дефинитивно ќе биде реваншот со Владимир, 100 отсто. Ние ја сакаме таа борба, тоа единствена борба, најважната борба во тешка категорија“, рекол Хенеси за Sky Sports.
 
Промоторот на Тајсон Фјури дополнил дека главна причина за одложувањето на борбата се датумот и местото каде таа ќе се одржи и дека понуди за организација на овој меч стигнале од Германија, Велик Британија, Обединетите Арапски Емирати и САД.
 
Фјури. минатиот ноември во Диселдорф, со едногласна одлука на судиите, го победи Владимир Кличко и ги презеде шампионските титули во верзиите WBO, WBA и IBF.