Бизнис
23. July 2021 - 12:53

Ќе има ли поскапување на парното греење?

Зголемување на цената побарале сите компании и БЕГ и ЕСМ  Енергетика и Скопје Север.

БЕГ побарале зголемување од околу 2 проценти, ЕСМ 65 отсто и Скопје Север 16 проценти. 

Од друга страна цената на гасот на Светските берзи бележи раст од 50 отсто, а учествува со 70 % од одлуката на крајната цена на парното.

Регулаторна во моментов прави анализи. Подготвителна седница ќе има во вторник, а конечната одлука на крајната цена ќе се знае во четврток, велат од Регулаторна.

Новата цена ќе важи од 1 Август. Лани цената на парното остана иста.

 

Ирена Чачкова