Бизнис

Ќе има ли покачување на минималната плата?

Расте просечната плата, но се зголемуваат и трошоците за живот. Статистиката пресмета дека во ноември просекот достигна  29.130 денари  или за 5,6% повеќе во споредба со истиот месец лани,  но е за 15 денари понизок од октомври годинава. Растот го билдаат платите во воздухопловството, програмерите, вработените во фармацијата, финансиите, телекомуникациите. Кај одредени дејности има намалување, а кај оние кои земаа најниска плата – останале речиси непроменети. Но колку е реалниот пораст на платите, со оглед на секојдневниот раст на цените на производите?

-Ако се земе во предвид дека трошоците за живот се зголемиле најмалку за 1.500 денари за една година, значи минимаплата плата од 15,200 денари, реално сега вреди 13.741 денар. Точно е дека има пораст во просечната и минимална плата, но тој е понизок, токму поради повоските трошоци за живот,  изјави Благица Петрески, Фајнанс Тинк.

Синдикатот притиска минималецот да се зголеми на 18.000 денари. Владата  вети – во вториот квартал годинава. Експертите алармираат – ако зголемувањето на минималецот и просечната  плата не ја следат продуктивноста на трудот  и пазарните механизми, негативно ќе се одрази.

-Владата во својата програма  најави дека минималната плата ќе се зголеми за 20 до 40% до 2024, што значи дека ќе достигне 20,000 денари. Може да биде реализирано, меѓутоа ако биде субенционирано со буџетски средства, тогаш ќе биде во колизија со онаа цел за фискална консолидација, како и во колизија со енформалната економија, однсно може да ја поттигне сивата економија, додава Петрески.

Од ССМ аргументите  за зголемување на минималецот пред Владата ќе ги правдаат во понеделник. Ако не ги прифатат, најавуваат генерален штрајк.