Македонија
16. August 2017 - 17:16

Ќе има ли двосменско работење на градинките, владата покрена иницијатива

Од септември втора смена ќе биде воведена во шест градинки во Македонија. Децата ќе бидат згрижувани и во доцните попладневни часови во установи во Гевгелија, Кочани, Радовиш, Охрид, Тетово и Прилеп, информираат од министерството за труд и социјална политика.  Дополнително вчера Владата го задолжи МТСП да испрати дописи до сите државни детски градинки да направат анкета со родителите. Од ресорното министерство за Сител велат дека двосменско работење би имало само во градинки или клонови ако има потреба во целата држава. Тоа би значело и вработување на воспитувачки и дополнителни финансиски трошоци кои дополнително ќе ги анализирале.

Повеќето граѓани сметаат дека градинките треба да работат на во две смени.

Од друга страна пак директори на градинки кои денеска ги контактираше Сител велат дека многу објекти немаат услови за втора смена, кубуреле со персонал и со финансии. Двосменското работење би им предизвикало дополнителни трошоци за ладење, греење  во зима, чистење, а тоа немало да било исплатливо ако до 21 или 22 часот биле чувани само неколку деца.

Во моментот најголемиот дел од градинките во земјава работат од шест наутро до 18 часот попладне, а само во четири установи во Центар, Чаир, Куманово и Тетово има и втора смена.