ОН ќе ги деблокира либиските финански фондови ако Владата воспостави контрола врз земјата
ОН соопштија дека ќе ја разгледаат можноста за деблокирање на либиските финансиски фондови, доколку Владата на национално единство, што ја има подршката од Светската организавија, успее да воспостави контрола врз територијата на Либија.
Станува збор за 67 милијарди долари кои се блокирани уште од 2011 година, за да се спречи со нив да манипулира поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.
Владата на национално единството пристигна во Триполи, но таа остана блокирана во пристанишниот дел на либиската престолнина, откако во градот почнаа да се слушаат истели од огнено оружје.
Функционери на Светската организација соопштија дека изминативе денови воздушниот простор над Триполи речиси постојано е затворен, за да се спречат членовите на Владата да пристигнат со авион од Тунис.
Претседателот на исамистичката Влада во Триполи, Калифа Гвеил во изјава за локалните телевизиски станици ги опиша членовите на новата Влада на национално единството како „натрапници“. кои не се добредојдени.
- Им порачувам на тие нелегитимни аусајдери да се предадат, затоа што така ќе се најдат на сигурно или да се вратат од таму од каде дошле, изјави Гвеил.
Во соопштението на ОН се вели дека Советот за безбедност, кој вчера ги продолжи санкциите кон Либија, е подтогтвен да ги одмрзне средствата на Либиските инвестициони власти (ЛИА), ако Владата на национално единство успее да воспостави контрола врз земјата и врз државната нафтена компанија и Националната банка, но дипломатите не објаснуваат како тоа да се направи.
По соборувањето на Гадафи со помош на интервенцијата на земјите од НАТО, Либија е во целосен хаос со две ривалски влади, едната во Триполи, другата во Тобрук, и без контрола врз територијата на земјата.
Ново на Сител
-
Манев: Да видев дека Палчо носи пиштол, немаше да бидам овде
-
Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството
-
Најштетната храна за бебиња
-
„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник