Кисела вода утре ќе остане без струја
Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека утре од 9 до 11 часот беа струја ќе бидат дел од жителите на улицата „Рузвелтова бр.44“ во општина Карпош, а од 8 до 14 часот дел од улицата „Дрезденска“ и дел од улицата „Багдадска“ во општина Карпош.
Од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат жителите од булеварот „Асном“ бр. 68, 70 и 72 и околните објекти, како и корисниците од улицата „Тодор Чангов“ со подулиците и дел од улицата „Богомилски поход“ во општина Аеродром.
Без струја од 10:55 до 15 часот ќе бидат корисниците од касарната Чојлија во Петровец, од 08:30 до 13 часот дел од улицата „Кавалска“ и од 11 до 12 часот корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во општина Кисела Вода.
Од 9 до 12 часот струја нема да имаат жителите од улиците 1, 6, 7 во селото Батинци, од 9 до 12 часот дел од улицата „4“ во селото Никиштани и од 08:55 до 11 часот дел од жителите од населбата Идризово.
Прекините во напојувањето со електрична енергија се поради изведување на планирани технички работи од страна на ЕВН Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај