Loading Video...
Ракомет
13. February 2021 - 16:16

Кирил Лазаров ја презема селекторската функција

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров ја презема селекторската функција во машката сениорска репрезентација на Македонија, а воедно Лазаров ќе ја има и контролата над помладите категории
 
Кирил Лазаров кој ќе го наследи Брестовац, барем засега останува и капитен на селекцијата во клучните натпревари, преку кои црвено-жолтите ќе се обидат да го продолжат континуитетот на настапи на големите натпреварувања. 
 
„Немаше да го прифатам овој предизвик да не верував во овие момци, имаме потенцијал и имаме квалитет. Мислам дека она што ни се случи во Египет, не беше вистнската слика на Македонија, тврдам дека сме доста поквалитетни, можеме да се носиме со посилни противници. Ќе направиме добра стратегија, нов систем на игра, свесен сум дека тоа нема да оди тоа брзо, но ќе нема време за поправање.  Сигурен сум дека сме на вистинскиот пат за оваа селекција да остане најуспешна“, изјави Лазаров 
 
Воедно Лазаров ќе ја има и контролата над младинските репрезентации од кои ќе се црпат идните сениорски репрезентативци потврди првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов. 
 
Првиот предизвик за Лазаров како капитен, а пред се селектор ќе бидат квалификациските натпревари против и тоа двомечот со светскиот првак Данска, закажан за првата половина на март месец, а потоа и дуелите против Финска и Швајцарија, преку нашите ракометари треба да го обезбедат своето ново учество на Европските првенства, конкретно на шампионатот што ќе се одржи во Унгарија Словачка следната (2022) година.